(ВИДЕО) Андоновска: Со одобрување на Заев, Филипче и Николовски се празнеле и препродавале стоковите резерви на црните пазари

Од:

Во ек на глобална криза, во периодот од 2019-2021 година, СДС наместо да ги снабдува стоковите резерви, Заев, Филипче и Николовски ги празнеле и препродавале. 2.000 тони јачмен и пченица во државна вредност од 800.000 евра биле отпишани од залихите, по насока на истото трио, додека на граѓаните им велеа – се е под контрола. За да не се примети кусокот од 2000 тони јачмен и пченица, тие веднаш потоа прават 2 тендери со една соседна држава за 20.000 тони пченица и јачмен за да ги пополнат дупките во залихите, изјави Викторија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.

– Со овие два тендера, Заев, Филипче и Николовски сметале дека ќе се покријат недостатоците во стоковите резерви, а јавноста истото ќе го заборави. 800.000 евра пари на граѓаните завршиле во џебовите на Заев, Филипче и Николовски, а 2000 тони јачмен и пченица, на црн пазар во друга држава. И наместо оградување и дистанцирање, СДС и натаму си ги штити своите криминалци. Затоа СДС ќе пропаѓа, гласачите ќе се намалуваат, а членовите ќе им заминуваат, кажа Андоновска.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?