(ВИДЕО) Андоновска: Се манипулира со бројката на новоинфицирани на дневна основа

Од:

„Состојбата со корона вирусот е алармантна! Наместо да покаже вистинска грижа за граѓаните, власта носи небулозни мерки од кои апсолутно никој нема корист.

Потребни се прави мерки во вистинско време, а не мерки без ефект, задоцнети или во погрешно време.

Не само што нема соодветни мерки во вистинско време, воедно се манипулира со бројката на новозаболени на дневна основа, како и со тоа дека вирусот слабее и го имаат под контрола“, вели Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Велеа дека имаме пик кога заболуваа по триесеттина луѓе дневно, а сега кога имаме три пати повеќе новозаболени на дневна основа, велат дека вирусот слабее.

Филипче и Заев никако да се свестат дека приоритет треба да им биде здравјето на граѓаните.

Во земјите од регионот Македонија стана прва вест! Да, прва вест и сите се чудат како вирусот стивна секаде само не и во Македонија!

Филипче и Заев треба да дадат одговор, но не само тоа. Филипче и Заев треба да признаат пропуст, да се корегираат и да понесат одговорност.

Власта ги остави граѓаните сами во битката со корона вирусот.

Но, граѓаните треба да знаат дека ВМРО-ДПМНЕ секогаш ќе биде нивниот глас, да се најде решение за нивните проблеми со кои се соочуваат!

ВМРО-ДПМНЕ воедно дава максимална поддршка на целиот здравствен персонал од примарно, секундарно и терциерно здравство и силно апелира да се има слух за нивните реални потреби наметнати од ново настанатата ситуација.

Приоритет за ВМРО-ДПМНЕ било, и ќе биде здравјето на граѓаните! Нема простор за политика, кога станува збор за здравјето на граѓаните!“, изјави Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му