(ВИДЕО) Андоновска: Нова афера вирус, каде имаме признание за поткуп, а институциите молчат

Од:

„На македонската јавност и се случува нова афера вирус, каде имаме признание за поткуп, а институциите молчат.

Деновиве имаме јавно признание од сопственик на фармациска фирма дека му е побаран рекет од Агенцијата за лекови. Фирмата имала потреба од дозвола за интервен увоз.

Внимавајте, значи увоз на нешто што е итно и неопходно, а Агенцијата за лекови не дала никаков одговор!“, рече Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.

„По пријавување на рекетот, сопственикот и фирмата сносат само последици како притисоци, закани, вонредни инспекции, за завршницата да биде незаконско затворање на фирмата.

Ова е само еден од низата случаи во кои фирми бараат дозволи од Агенцијата за лекови, а притоа речиси без исклучок на сите им е побаран финансиски надомест или рекет.

Министре Филипче, откако ја извршувате функцијата не спречувате сомнителни и криминални постапки, напротив на некој начин ги поттикнувате, затоа морате да дадете одговори.

Значи по дефиниција, а вие како министер тоа треба да го знаете, Агенцијата, поточно поединци вршат економска дејност поврзана со организиран криминал – едноставно прават рекет.

Прво, знаете ли што прават поединци од Агенцијата за лекови, регулаторно тело кое ги издава сите дозволи за лекови?

Второ, има конкретен случај за фирма на која и се бара рекет, а има молк од сите надлежни институции, зошто?

Со јавно признание за рекет врз фармацевтска фирма и без никаков одговор од Агенцијата до истата фирма за побараната дозвола, а без никаква истрага некој мора да сноси одговорност.

Министре Филипче, граѓаните ги гледаат сите овие сомнителни постапки, а сега и рекет во вашиот сектор. Токму поради тоа тие ќе стават крај на вашето министерување следната година во април месец“, изјави Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ