(ВИДЕО) Андоновска: Катастрофалната состојба во здравството е резултат на неспособноста на Филипче и Заев кои си се возат безгрижно со мотори!

Од:

„Сликата на македонското здравство е поразителна. Според проценките околу 10 илјади граѓани заминаа за соседна Србија за вакцинирање.

Луѓе кои цел свој живот плаќаат здравствено осигурување, сега беа приморани да бараат спас во друга држава.

Вакцините кои стигнаа во Македонија се само една капка во морето. За кого попрво тие вакцини? Се уште не се имунизирани здравствени работници, доктори, сестри, болничари, лаборанти, фармацевти, стоматолози и луѓе кои работат во здравството. Вакцини чекаат и повозрасните граѓани, чекаат и хронично болните“, рече Марија Андоновска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ваквата катастрофална состојба во здравството е резултат единствено на неспособноста на Филипче и Заев кои наместо грижа за граѓаните и организирање на системот си се возат безгрижно со мотори, уште и бесрамно си се сликаат!

Го прашуваме Филипче зошто не прифати ниту една мерка која ја предлагаше опозицијата, а ги имаше многу?

Зошто не се направија тријажни центри и дневни болници во сите општини?

Зошто не се ангажираше невработениот здравствен кадар кој е околу 3000 во Агенцијата за вработување, кога знаеме дека не се проблем само кревети во болниците, туку недостасува персонал?

Зошто и после повеќе од година дена откако почна пандемијата се уште нема довод за кислород во модуларната болница во Струмица и зошто модуларната во Штип се уште не функционира?

Зошто приватното здравство не се ставено во функција на јавното како што беше најавувано?

Зошто се уште нема официјални протоколи и сите клиники имаат различен пристап во лекувањето на болните?

Зошто крвните анализи, ЦРП, ДеДимери, ЛДХ и други, граѓаните ги плаќаат од својот џеб, а антикоагулантните лекови како Клексан, Ксарелто, Фраксипарин не се се уште на позитивна листа?

И секако каде се вакцините и масовната вакцинација за оние граѓани кои сакаат да бидат вакцинирани? Секој ден имаме по 30-тина починати, а бројката на новозаболени дневно е четирицифрена.

Кон што води оваа негрижа на власта!? Што се уште чекаат? Бројката на починати да расте, бројката на заболени се зголемува?! Затоа Филипче оди си!

Одговорност за секој еден човечки живот, мора да има и ќе има!“, изјави Марија Андоновска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик