(ВИДЕО) Андонов: ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична пријава против Зоре Темелковски

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична пријава против Зоре Темелковски, татко на кандидатот за градоначалник од СДС за Кисела Вода, Филип Темелковски, поради основано сомнение дека именуваниот преку закана со отказ на вработени во јавната и државната администрација од населбата Драчево постапил спротивно на член 160 став 1 од КЗ на Република Македонија.

Како логистичка и фактичка поддршка на стореното кривично дело, Зоре Темелковски како што самиот вели веќе направил селекција на над 1.100 вработени кои доколку не гласаат за СДС може да останат без работа.

Доказ за заканите и притисоците кои ги вршел Темелковски е оваа аудио снимка која ќе ја слушнете во продолжение, а која се рашири низ социјалните мрежи и низ медиумите во државата, а на која не реагираа ниту Јавното обвинителство ниту МВР за да постапат по службена должност. Поради ова ситуација ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична пријава против именуваниот и ќе ги заштити граѓаните од самоволието на СДС.

Почитувани од оваа снимка јасно се слуша како Темелковски вели дека постојат над 48.000 вработени во администрацијата на кои им поминува договорот во ноември, додека од Драчево бројката е 1.100, луѓе кои можат уште утре да останат без работа. Според Темелковски како што можевме да слушнеме од снимката семејствата на 1.100 вработени сега молеле преку други луѓе за да останат на работа.

Ова е еклатантен пример како функционира СДС кога е на власт. СДС и нивната врхушка ја злоупотребуваат позицијата на власт за да им се закануваат на вработените граѓани во државната администрација да гласаат за нивната партија, а доколку не гласаат дека ќе останат без работа. Се е исто како во 1994 година, а по методологија на владеење од 1948 година.

Аудио снимката од која јасно се слуша како Темелковски се изживува со вработените во државната администрација користејќи ја позицијата на моќ преку власта на неговата партија за да одлучува за нивните судбини и егзистенција е дно за демократијата и правната држава. Како што веќе реков, Темелковски со ова врши односно изврши кривично дело „Повреда на слободата на определување на избирачите“, казниво по чл.160 ст.1 од КЗ, дело за кое е предвидена казнена санкција од најмалку 3 години затвор.

Ова не е изолиран случај, ниту е нешто бенигно. Ова е целосен приказ на шемата и методологијата која ја користеше СДС во текот на овие избори, со систематски притисок врз администрацијата и закани за отпуштање од работа на илјадници граѓани.

СДС ги понижи македонските граѓани, СДС се изживува со судбините на илјадници луѓе, спроведувајќи ги најкриминалните избори во историјата на државата, СДС со вршење на закани, уцени и масовен поткуп ги фалсификуваше овие избори за што постојат бројни видео, аудио и фото материјали.

Оваа аудио снимка е пример како не треба да се спроведуваат избори во едно демократско општество. Оваа аудио снимка е доказ за криминалот во кој е потонат СДС за да ги добие овие избори. Волјата на граѓаните е украдена, тоа го виде и слушна целата македонска јавност. Овие избори се нерегуларни и недемократски и затоа ВМРО-ДПМНЕ излезе со 7 барања со кои ќе се врати демократијата во државата и ќе се овозможат фер и демократски услови за избори“, изјави Оливер Андонов.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти

Левица: Подаваме рака до ДПМНЕ, за заедно да не ги донесеме уставните измени

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата

ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака промени, тоа го покажуваат 180 илјади гласа предност на Сиљановска пред Пендаровски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС