(ВИДЕО) Алими: Платформата произлегува од документ на Владата

Од:

Пратеникот на ДУИ, Ејуп Алими констатираше дека повеќе време се троши на празни говори и за документи и прашања кои не ја засегаат Македонија.

– Точките на Декларацијата на партиите на Албанците извираат од документ од Владата на Република Македонија и тоа треба да го знаат граѓаните. Имаме Охридски рамковен договор и за него гарантираат ЕУ, НАТО и САД, рече Алими.

Тој кажа дека Декларацијата би направила во Липково да има вода за пиење исто како што има и во Куманово, а не само вештачко езеро додека граѓаните трпат за вода.

На тоа Илија Димовски одговори дека ако Алими не трошел за хонорари додека бил во Секретаријатот за Рамковен договор, Липково ќе имало сега вода.

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска