(ВИДЕО) Александрова: Ветувањата на СДС се само еден куп лаги

Од:

„СДС им ветуваа на граѓаните живот и плата од 500 евра, а граѓаните добија само сиромаштија, покачување на акциза, покачување на даноците, милионски задолжувања и хаос во институциите.

Заев и СДС ги излажаа граѓаните. Ветуваа 500 евра просечна плата, а платата откако дојдоа на власт се намалуваше.

Заев и СДС ги излажаа и докторите. Ветуваа 100.000 денари плата за докторите специјалисти, а кога дојде ред да се спроведе им го свртеа грбот на докторите.

Заев и СДС државата ја задолжија над 600 милиони евра, а со новиот Буџет во 2018 Македонија ќе биде задолжена над 1 и пол милијарда евра. И на толку задолжувања сепак нема ниту просечна плата од 500 евра, ниту 100.000 денари плата за докторите.

Очигледно СДС вешто ги изманипулира граѓаните, а за сметка на тоа си ги полнат своите лични сметки по примерот на газда Кочо Анѓушев.

Додека СДС и Заев се луксузираат и ги распродаваат националните интереси, граѓаните чекаат СДС да ги исполнат ветувањата за 500 евра плата, 100.000 денари плата за докторите, повисоките пензии.

Ветувањата на СДС се само еден куп лаги. Граѓаните веќе се свесни дека се излажани од СДС и дека нема да исполнат ниту едно ветување“, изјави Емилија Александрова.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Трендафилов призна дека СДСМ и Левица стојат зад протестите на ССМ

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ