(ВИДЕО) Александрова: Право на секој е да поднесе барање за амнестија, не знам дали пратениците ќе бараат

Од:

„Право на секој согласно законот е да поднесе барање. Дали некој од пратениците ќе поднесе или не, не знам. Прашајте ги нив, рече Емилија Александрова, пратеничката на независната група на ВМРО-ДПМНЕ, по завршувањето на средбата на собраниското тело за помирување.

Александрова беше воздржана од одговори на новинарските прашања, поврзани со амнестија на обвинетите пратеници ВМРО-ДПМНЕ и коалијата.

На прашањето доколку има можност, дали би поднела барање, Александрова децидна:

„Јас не сум дел од таа група, не сум засегната со 27 април.Неможам да давам коментир“, рече таа.

Пратеничката Александрова е дел од телото за помирување чие формирање беше условено, со гласањето за уставните измени на осумте пратеници кои ја напуштија ВМРО-ДПМНЕ и преминаа да делуваат како независна пратеничка група на оваа партија.

Како и пратеничката Ременски-Ташевска и таа се огради од коментарот дали оваа тело ќе донесе селективна амнестија и дали е дел од политичкото пазарење.

“Судот е тој што врз основа на докази ќе носи одлуки.Ние како пратеници го немаме тоа право. Го изготвивме ова решение и тука завршува нашата работа“, рече Алексадрова.

Инаку судската постапка се води за пет пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и колацијата, а тоа се Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Јохан Тарчуловски, Љубен Арнаудов и Љупчо Димовски.

Габриела Димковиќ-Мишевска

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски