(ВИДЕО) Алаѓозовски: Дали зад големите пари во естрадата стои корупција со амин на власта?

Од:

Министерството за култура не даде одговор дали е донатор на наградите во вкупна вредност од дури 45.000 евра за Скопскиот фестивал! Оваа информација ја соопшти Министерството за внатрешни работи во својот првичен Извештај од истрагата, по скандалот со местенките, вели Роберт Алаѓозовски, претседател на Комисијата за култура на СДСМ.

Но, без разлика дали е тоа Министерството за култура или како што тврди МРТВ – самата Македонска радиотелевизија, имаме право да знаеме на што се должат високобуџетните награди на естрадните фестивали, бидејќи парите се од нас граѓаните, додава тој.

Претходно, на Штипскиот фестивал Макфест беа доделени високи парични награди од 20, 15 и 10 илјади евра.

За споредба, врвните македонски автори од другите области секогаш добиваат скромни хонорари за своите уметнички дела. Писателите добиваат од 30 до 120 илјади денари за своите авторски дела, или од 500 до најмногу 2.000 евра.

Еснафските награди на Друштвото на писатели се 30 илјади денари или 500-тини евра.

Значи делото на писателот е до 40 пати помалку вредно од испеаната песна?

Најпрестижната награда Браќа Миладиновци не е повисока од 100 илјади денари или изнесува ни цели 2000 евра!

Ликовните уметници најчесто добиваат 30 до 60 илјади денари, или 500 до 1000 евра за изложби, само како продукциски трошоци. Откупот на дела варира до 1000 евра.

Режисерите на претставите не добиваат повеќе од 300 илјади денари или 5.000 евра, а костимографите добиваат до 1000 евра.

Сега со право прашуваме, на што се должат астрономските хонорари за естрадните уметници?

Дали на можноста овие пари да се лесно предмет на измами?

СДСМ бара принципиелни критериуми за вреднување на сите автори и уметници.

Во спротивно ќе се покажат основани сомнежите дека зад големите пари во естрадата има и друга можеби корупциска позадина, стимулирана токму од власта во чијшто раце е управувањето со народните пари.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Дали Росица му испраќала пораки за помош на Тошковски, а тој ја игнорирал?

СДСМ: Владата нема пари да ги покачи платите, а се луксузира на грбот на народот

Горан Наумовски

Филипче: Мицкоски e директно одговорен за состојбата во судството, неговата влада направи нула реформи

СДСМ обвинува дека ДПМНЕ намерно го остава ѓубрето и го саботира ЈСП за инает на Арсовска

СДСМ: Мицкоски зборува за мачнина од судството, а не почна ниту направи ниедна реформа

(ВИДЕО) Димковски: Алармантно, над 20 милиони килограми грозје стои неоткупено