ВИДЕО: Активни се шест пожари, проблемтично е кај Македонски Брод, Пробиштип и Демир Хисар

Од:

Шест пожари се активни попладнево ов Македонија. Пет пожари се смета дека се под контрола информираше ЦУК.

– Во моментов имаме шест активни пожари. Првиот и најсложен пожар за гасење е на територијата на општина Македонски брод, во атарот на селата Тажево и Брезница, пожар којшто беснее повеќе денови. Дождот којшто денеска заврна во мала количина не го изгасна овој пожар и тој продолжува со горење. На ова место делува тимот од 40 лица од Унгарија, со специјални теренски возила, како и 50 припадници на македонската армија, поддржани со воздухоплови, објснува директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов.

Англенов смета дека во текот на денов би можела да биде воспставена контрола над пожарот кај Пробишти на Осоговски планини во атарот на селото Зеленград кој се гасне со хеликоптери.

– На територијата на општина Демир Хисар, имаме пожар многу непријатен пожар на Илинска планина. Во текот на вчерашниот ден дејствувавме со ер-трактори, но се создаваше густ црн чад којшто го отежнуваше летањето и ја загрозуваше нивната безбедност, поради што моравме да прекинеме со гасење од воздух. Во овој момент таму дејствуваат сили од земја. Кај село Пласница се гаси од земја. Пожарот во близина на Охрид денеска повторно се реактивираше. Предизвикува вознемиреност кај населението, се движи во насока на Ресен, но не претставува закана по ниту едно населено место. Иако има повеќе од 100 луѓе кои гаснат од земја, поради ветерот се изгуби контролата. Последниот е на територијата на Долнени, кај Лажани. Гори ниска вегетација и се гаси од земја“, изјави Ангелов.

Би можело да ве интересира

Еден активен пожар и еден под контрола од вчерашните 22 на отворено низ државава

Вкупно 39 пожари на отворено вчера, пет сѐ уште активни

Локализиран пожарот во близина на железничката пруга во Кисела Вода

ВИДЕО: Гори во Визбегово

Катерина Ѓуровски

Пожари кај Железничка, во Визбегово и во Сопиште

Катерина Ѓуровски

Состојбата со пожарите на отворено повторно се влошува, гори на пет локации