ВИДЕО: Активисти на Левица со обид да го саботираат маршот „Чекориме за правда“

Од:

Пред самиот почеток на маршот „Чекориме за правда“ организиран од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, во „Жена парк“ се појавија активисти со транспаренти на кои пишуваше „Правдата ја нема“, „Марш за амнестија за криминалот“, „Зошто Мијалков е на слобода?“.

Активистите прашуваа зошто криминалците се се уште на слобода како и кој го пуштил убиецот на Мартин Нешковски.

Истите се повлекоа откако толпата народ гневно ги исвирка.

Тие повторно се појавија истакнувајќи ги нивните транспаренти пред Основниот Суд откако започна јавниот настап на пратеничката Мираковска и претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Од политичката партија „Левица“ обвинија дека владиното обезбедување и полицијата извршиле напад врз активистите од нивната партија одземајќи ги насилно транспарентите на кои стоело прашањето „Зошто Мијалков е на слобода?“.

„Тие чекореа уценети и поткупени за свои лични бенефиции и привилегии – додека ние искрено и без страв им ја разобличивме нивната лажна парада со уценет народ!“, додадоа од Левица.

Би можело да ве интересира

Мојсоска: АХВ три месеци не ги објавува млекарите кои продавале канцерогено млеко

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Јанушев е дел од системот на Мицкоски во кој и возачи земаат мито

А1он

Левица на Економскиот форум во Владивосток: Македонија мора да ги препознае можностите на новиот мултиполарен свет

А1он

Левица: Лозарот остана статист во сопствениот Гроздобер – милиони за странски изведувачи, неизвесност за македонските лозари

(ВИДЕО) Младеновска: Клековски и Мицкоски не менаџираат со здравствената кризи

СДСМ: Осум недели молк за водата во Гостивар – што се крие?