ВИДЕО: Ако не не прифаќаат, зошто ни се такви пријатели, порача Мицкоски по посетата на Ципрас

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на отварањето на изборниот штаб на кандидатката Гордана Силјановска-Давкова, ја искоментира посетата со Ципрас и рече дека ако нашите пријатели, соседи не не прифаќаат такви какви што сме тогаш, такви пријатели не ни се потребни. Според него нема да има бенефит државата од договорите што ги потпишале Заев и Ципрас, туку само група поединци.

„Велат дека ќе имало бенефити. Граѓаните до сега ништо не почувствуваа од тоа што Заев го нудеше. Уверен сум дека и од овие договори, бенефит ќе имаат само група луѓе блиски до Заев. Ако е бенефит да се срамите да ја построите македонската гарда и да интонирате македонската химна, во која се пее денес над Македонија се раѓа и ако тоа го навредува нашиот гостин, чуму ни е сето ова што ни се случуваше вчера. Ако нашите пријатели не не прифаќаат такви какви што сме, чуму ни се такви пријатели. Никој повеќе не му верува на Зоран Заев, а тоа ќе се покаже на претседателските избори на кои ќе победи нашиот кандидат. Е, тогаш нема да има повеќе простор за изговори, ќе мора да распише предвремени избори“, порача Мицкоски.

Габриела Димковиќ-Мишевска

Би можело да ве интересира

Јотова и Валчев водат со 2,7 процентни поени пред Ѓуров и Кандев

Горан Наумовски

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

Нови апсења во Србија поради планирање хаос за изборите: Приведен маж, пронајдени опасни предмети

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ