ВИДЕО: Ако не гледаат глувци низ ходниците и бубашваби во јадењето во средношколскиот интернат, тогаш во АХВ има сериозен проблем

Од:

Не само што им се даваат бубашваби во јадењето, посебно во пецивата од позната скопска пекарница, туку низ средношколскиот интернат во Скопје, Здравко Цветковски ГУЦ,скокаат глувци по ходниците. Оваа снимка е направена внатре во интернатот, и ако ова не е глушец тогаш и бубашвабите од фотографиите во мензата на интернатот не се бубашваби, според наодот на инспекторите на АХВ. Агенцијата за храна и ветеринарство по објавата вчера на А1он на фотографии од средношколскиот интернат денеска негираат дека имало бубашваби во јадењето и велат дека се било во ред.

Од АХВ посочуваат дека и при последената инспекциски контрола спроведена на 19 ноември 2025 година врз основа на поднесена иницијатива од граѓанин за спроведување на вонреден инспекциски надзор, не биле констатирани недоследности, односно, во кујната на интернатот хигиенско-санитарната состојба била добра и не биле затекнати инсекти во објектот како што било наведено во иницијативата.

-Со надзорот спроведен овој месец, утврдено е и дека вработените имаат уредни санитарни книшки и соодветно се спроведени мерки за дератизација, дезинцекција и дезинфекција. Оператотот со храна води уредни записи за слеливост на храната, соодветно чува контролни оброци и самоиницијативно врши лабораториски анализи за микробиолошко тестирање на храна, работни површини и опрема за работа со кои пред инспекциските служби ја потврдува безбедноста, посочуваат од Агенцијата за храна и ветеринарство, наведуваат во соопштение од АХВ.

Сепак, тие што се сместени таму и нивните родители не мислат така.

Јас сум родител на дете што е сместено во домот и не можам јавно да објавам зошто детето ќе има последици. Сите деца реагираат кај воспитувачите со слики од тоа што наоѓаат во јадењата но никој не реагира и не презема мерки. Моето дете со недели се жали и дека нема топла вода за да може да се истушира, реагира родител на дете кое е сместено во интернатот.

Друг родител за А1он наведува дека неговото дете повеќе не јаде во домот иако плаќаат за тоа и оди да руча кај роднини во Скопје. Речиси секој трет ден во оброкот има бубашваба, вели родител. Вчера А1он објави фотографии од храната која ја добиваат во интернатот и во која децата наоѓале бубашваби, посебно во пецивата од една позната пекарница во Скопје. По објавата на текстот, пристигнаа уште фотографии од јадењата кои ги добиваат во интернатот.

Би можело да ве интересира

Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на судија од Апелациониот суд во Скопје

Предраг Петровиќ

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

Левица: ДПМНЕ со увоз на евтина работна сила ја блокира борбата за повисока минимална плата

Предраг Петровиќ

Стојаноски: Филипче и Заев преку државните институции и правосудството под нивна команда, сакале за багателна цена да ја земат клиниката Жан Митрев

Лишени од слобода две лица од Марена, во „мерцедес“ носеле огревни дрва без документи

Левица: Имотот на газда Деко повреден од згаснатите млади животи во Кочани – виновните тужат, државата бега од одговорност