ВИДЕО: Акција за чистење на дворот на студентскиот дом „Гоце Делчев“

Од:

Комуналните служби на Општина Карпош се приклучија кон акцијата на ЈП „Комунална хигиена – Скопје“ за чистење на дворот на студентскиот дом „Гоце Делчев“.

Оваа акција ја поздрави и градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев и во оваа прилика потсети на еко – активностите кои Општината ги презема во овој период.

– Изминатиов период исчистивме уште една дива депонија во Тафталиџе 1, а во два наврати запленивме и поголемо количесто на гуми кои во овој период се користат како огревно средство, со што дополнително се загадува воздухот. Почнавме и со засилени инспекциски контроли на терен, бидејќи секој носи одговорност за здрава и чиста животна средина. Апелирам до сите граѓани и фирми правилно да го одлагаат отпадот, затоa што во спротивно, прекршочните казни за непочитување на правилата изнесуваат од 50 до 2000 евра, рече Богоев.

Помошник директорот на ЈП „Комунална хигиена – Скопје“, Ејтула Амети напомена дека овие активности имаат цел да ја подигнат и јавната свест кај сите чинители.

За потребата од тековно одржување и хортикултурно уредување на овој простор зборуваше Дарио Николовски, директорт на Државниот студентски центар.

Градоначалникот Богоев исто така посочи дека локалната самоуправа во текот на пролетта ќе започне со акција на хортиклутурно уредување на надворешниот простор на студентскиот дом „Гоце Делчев“ и ќе додели нови садници за раззеленување на овој потег.

Би можело да ве интересира

Истрагата откри: Стојанче Јовановски цели седум години ја тепаше, малтретираше и ја понижуваше сега покојната Ивана

Горан Наумовски

Отворена e истрага за надзорот во Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош

Горан Наумовски

Судот му го продолжи притворот на Стојанче Јовановски по трагедијата во Карпош

Притвор за сопругот на Ивана, се сомничи за наведување на сторување самоубиство

Предраг Петровиќ

Ден по трагедијата во Карпош – Министерството за социјална политика тврди: Починатата Ивана поднесе тужба за развод во октомври

МВР за трагедијата во Карпош: Стојанче Јовановски има обемно криминално досие

Горан Наумовски