(ВИДЕО) „Ајде да се среќаваме со насмевка…“ – порака на влезот на Обвинителство

Од:

„Абортусот е најголема закана за светскиот мир!!!“ – бакарна плоча со овој цитат од Мајка Тереза го краси влезот на Порта Македонија (Триумфална капија) во центарот на Скопје.

Табли со цитати од Мајка Тереза се поставени на неколку локации низ градот, главно на објектите од „Скопје 2014“, од кои повеќе се државни инстиуции.

Овие цитати го промовираат делото на Мајка Тереза, но изборот на цитатите и местата, односно институциите каде што се поставени создаваат парадоксални комбинации на значења. Така на влезот на Јавното обвинителство кое сигурно не асоцира на љубов и среќа, пишува:

„Ајде да се среќаваме едни со други со насмевка, бидејќи насмевката е почеток на љубовта“.

10811714_10204117440349036_1315693037_n

Уште попарадоксално е значањето кое го добива цитатот „Една од најтешките болести е секому да си никој“, кој е поставен на влезот на Министерството за надворешни работи. На зградата на АЕК, пак стои натписот: „Се’ што не е дарувано, е изгубено“.

10807146_10204117440389037_656702689_n

Останува нејасно како се избирани овие цитати и во каква врска се со дејностите што ги извршуваат овие државни институции.

Главните влезови на државните институции имаат по два натписи, а на зградата на Обвинителството се поставени дури три, за кои не се знае кои ги нарачал.

Би можело да ве интересира

Насилникот кој истепа две деца на натпреварот меѓу „Шкупи“ и „Брегалница“ во судница побара симултан превод

САД: Судијата го отфрли барањето на Ријад за поддршка на киднаперите од 11 септември 2001 година

Државата конфискуваше 11.600 евра од осудениот раководител за урбанизам во Маврово и Ростуше

Апелацискиот суд на САД ги запре масовните отпуштања од федералните агенции

Судот ги поништува царините на Трамп и ги прогласува за нелегални

Одреден притвор за полициските службеници поврзани со пожарот во диското во Кочани

Предраг Петровиќ