ВИДЕО: Африм Гаши поднесе кривична пријава против Билал Касами

Од:

Африм Гаши и триесетина негови поддржувачи поднесоа кривична пријава против Билал Касами за злоупотреба на службената положба како претседател на Движењето Беса. Според нивните сознанија , Касами го прекршил Законот за политички партии и Статутот на партијата. Кривичната пријава ја поднеле вчера во Основното јавно обвинителство за злоупотреба на службената должност „правен застапник на Движењето БЕСА пред органите на правдата“ и фалсификување на документацијата на Движењето, додека во Управниот суд е поднесено барање за поништување на фалсификатот што според нив го направил тој во документите на Движењето БЕСА во надлежниот основен суд.

– После ова, тој и неговиот клан, од кои некои се повикуваат на легалноста, сега веќе ќе треба да одговараат пред органите на правдата за киднапирање на политичката партија за тесни лични и клански интереси. Притоа уште еднаш повторуваме дека ова манипулација е направена во времето кога активистите на Беса му веруваа нему и покажуваа лојалност кон него, што подразбира дека задачата за поделба и уривање на Беса тој ја започнал одамна, се разбира под директива, изјави Орхан Муртезани од Беса.

Би можело да ве интересира

Влен: ДУИ ја вмеша и претседателката на Косово во барањето спас од одговорноста за криминалиите

Горан Наумовски

БЕСА ги избра кандидатите за министри и заменици во новата Влада

A1on

Седат Сулејмани избран за шеф на изборниот штаб на „Беса“ и коалицијата „Вреди“

Горан Наумовски

Сејдиу: Техничкиот ги навредува работниците, кабадаии во Собрание, кабадаии во Влада, кабадаии во полиција

Горан Наумовски

Беса: На средбата во Приштина со Курти и Конјуфца, присутните лидери ја посочија и идејата за претседател Албанец

Движење БЕСА: ДУИ, СДСМ криминалот и корупцијата се при крај

Горан Наумовски