(ВИДЕО) Адвокатот на експолицаецот кој силуваше деца: Органите на прогон делувале многу задоцнето

Од:

Адвокатот Сашко Христовски-Липски кој беше бранител на експолицаецот Александар Костовски обвинет за тргвовија на дете и силување на малолетници вели дека единствено позитивно во случајот е што обвинетиот признал вина. Тој посочува дека за сето ова знаеле комшии и познаници и додава: „го гледале тоа“.

„Обвинетиот доби 18 години затворска казна за делото кое го сторил. Но, за жалба не можам да одговорам бидејќи ќе треба да се размисли. Во вакви случаеви дали е висока казната или не, тешко е човек, како професионалец и како човек да размисли за да донесе заклучок. Факт е дека обвинетиот, можеби тоа беше и најпозитивното нешто што се случило во целата постапка, е дека го призна делото“, рече адвокатот, па прашан зошто претходно не го направи тоа додава: „Од самиот старт на постапката обвинетиот го имаше признаено делото во нашите меѓусебни разговори“, а на прашањето зошто тоа не го направил пред судот, додава: „Затоа што пак станува збор за некоја карактерна особина, пред се психолошка, која во таа ситуација, сеа не сум психијатар за детално да кажувам што му се случувало на обвинетиот во тие моменти, кога дефакто тоа станало јавно, органите на прогон делувале многу задоцнето. На крајот од краиштата ова се случувало пред очите на комшиите, познаници, пријатели, пријателки. Сите тоа го гледале и знаеле. По пет-шест години дошло до заклучок дека треба да реагира. Тоа е всушност најголемата загуба што нашето општество не реагира на време“.

На експолицаецот Александар Костовски му е изречена казна од 18 години затвор. Тој останува во притвор се до правосилноста на пресудата, која е изречена по негово признание на вина. Тој заедно со мајката на силуваните деца беше гонет за трговија со деца и силување.

Би можело да ве интересира

МВР: 26-годишен маж сакал да силувала 68-годишна жена

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано

Момче силувало малолетно девојче

За насилникот кој злоставуваше малолетничка се бара притвор, немала ни 15 години

Катерина Ѓуровски

Средовечен маж повеќепати силувал малолетничка

Катерина Ѓуровски