ВИДЕО: Мајката која ја продаваше ќерката доби 15 години, експолицаецот кој ја силуваше доби 18 години

Од:

Мајката Налиље А. која ја продаваше малолетната ќерка и експолицаецот Александар Костовски кој го силувал девојчето и неговиот брат признаа вина. Судијката Софче Гаврилова-Ефремова ги огласи за виновни и изрече казни. Мајката доби затворска казна од 15 години, а експолицаецот 18 години. И двајцата остануваат во притвор, се до правосилноста на пресудата. Двајцата беа гонети за трговија со дете, а експолицаецот дополнително е осуден и за кривичното дело силување.

„Александар Костовски е виновен за крквичните дела за кои се товареше трговија со дете и за силување. Осудата на судот е следната, го прифативме признанието на вина, кажавме дека истото се цени и прифаќа. По извешеното испитување прифативме дека е дадено доброволна и при потпилна свесност. Предудата се должи врз основа на признание на вина. За трговија со дете каде минимум е 12 години, судот утведува 15 години затвор. За силување, каде е придведена од една до 10 години се досудува единствена казна четири години. Се изрекува единствена казна од 18 години каде се засметува и времето поминато во притвор. Предјавеното имотно правно барање, ќе биде усвоено во целост“, кажа судијката Софче Гаврилова-Ефремова.

Судијката додаде дека: „По однос на висината сметам дека се согласуваме сите дека поради сериозноста на кривичното дело, повредата, максималната казна е 20 години, овде го имавме 18 поради признанието на вина“.

Малолетното девојче било малтретирано и од двајцата родители. Мајката Налиље избегала од дома и ја повела ќерката. Таа пред судот призна дека ја запознала ќерка ѝ со поранешниот полицаец, па употребувајќи физичка сила ја носела во неговата куќа и за паричен надомест од по 2.000 денари, а понекогаш и од по 500 денари му овозможила да врши полови дејствија со малолетничката. Поранешниот полицаец, користел сексуални услуги од дете кое не наполнило 14 години.

Александар Костовски, кој во моментот кога ги силувал девојчето и момчето не бил дел од МВР. Тој пред судот призна дека три години во својата куќа, која сега е продадена, користел сексуални услуги од девојчето. Истиот во текот на месец декември 2018 година, со употреба на сила и закана дека непосредно ќе нападне врз неговиот живот, извршил и друго полово дејствие врз малолетниот брат на девојчето.

Пресудата ќе биде обжалена од обвинителката Наташа Поп-Трајкова која го покрена обвинителиот акт и истиот го признаа обвинетите.

Би можело да ве интересира

Грозоморно убиство во затвор во Србија: Го силувале со метла, починал старец

А1он

Притвор за политичарот од Романија кој силувал малолетничка, дете на негова колешка

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Момчиња од Тетово силувале малолетничка

Горан Наумовски

Маж од Штип осомничен дека силувал малолетничка

Притвор за осомничен кој во повеќе наврати силувал 14-годишна девојка во Битола

Орце Костов