(ВИДЕО) Адвокатите на насилниците: Задоволни сме од одлуката, беа фер и го признаа делото

Од:

Адвокатите на деветмината осудени за тепање на пратеници во Собранието на кравивот четврток во изјава за медиумите рекоа дека се задоволни од пресудата со оглед на тоа што ја признале вината и се каеле за стореното.

– Голем дел од оштетените не побараа приклучок кон кривичниот прогон и се откажаа од штета, тоа беше во прилог на обвинетите, рече адвокатката Валентина Тодоровска, која додаде дека речиси сите биле примерни, неосодувани граѓани.

Адвокатот Владо Докулевски рече дека обвинетите биле свесни дека со самото присуство го извршиле кривичното дело, како и дека биле заведени од толпата.

– Испаднаа фер луѓето, си ја признаа вината и затоа беше санкцијата условна, што сите ја прифатија едногласно, рече Докулевски.

Според него, тепачите на пратеници и новинарски екипи навистина се каат за стореното дело.

Би можело да ве интересира

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање