(ВИДЕО) Ацевски: Не сум насилник и немало никакво насилство, ВМРО-ДПМНЕ и нивните медиуми да се извинат за безобразните лаги

Од:

„Објавените информации денеска за наводно семејно насилство во мојот дом се кулминација на серијата лажни вести и невистини што одредени медиуми блиски до ВМРО-ДПМНЕ во континуитет ги пласираат за мене и моето семејство.

Најостро и целосно ги демантирам и ги отфрлам и осудувам пласираните невистини за наводно семејно насилство во мојот дом или предизвикано од мене. Ова го квалификувам како бесрамна лага, манипулација и злоупотреба на малолетни деца, семејни односи и недоразбирања во дневно политички цели.

Најодговорно тврдам дека се нема случено никакво физичко, психичко, вербално ниту какво било насилство од моја страна врз мојата сопруга“, рече Костадин Ацевски, пратеник на СДСМ.

„Овие напади врз мене и пласирани невистини беа изведени синхронизирано од медиуми блиски до ВМРО-ДПМНЕ, без притоа никој да не побара мој став ниту од мојата сопруга.

Насилството не е и никогаш нема да биде мој начин на решавање на недоразбирањата.

Како одговорна личност, ги повикувам сите надлежни институции уште еднаш да го проверат случајот и да ја информираат јавноста. Ако има вина за какво било постапување, веднаш сум подготвен да поднесам оставка од функцијата и ќе преземам целосна одговорност.

Апелирам медиумите невистините да ги заменат со вистини, конструкциите со факти и да престанат да злоупотребуваат лични човечки судбини.

Исто така, апелирам колешката Благица Ласоска да ги провери фактите и по проверка на истите да упати јавно извинување за дадената денешна изјава, во спротивно ќе сметам дека и она е дел од конструкцијата и пласирањето на лажни вести и невистини“, изјави Костадин Ацевски, пратеник на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“