ВИДЕО: 173 санкции за возачи поради непропуштање пешаци на пешачки премин

Од:

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден спровело засилена акциска контрола за санкционирање на возачите кои не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин односно не ги почитуваат обврските како возачи, информира портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.

– Санкционирани се 173 возачи, од кои 104 на територија на Скопје, 26 на територија на СВР Тетово, 16 на територија на СВР Велес… При акциската контрола санкционирани се и 134 друг вид на сообраќајни прекршоци. Министерството за вантрешни работи и денеска и во наредните денови ќе продолжи со ваквите акциски контроли, вели Ангеловски.

– Апелираме до возачите секогаш да ги пропуштаат пешаците односно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Исто така, апелираме и до пешаците да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правоила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници, додава Ангеловски.

Би можело да ве интересира

Пропаѓале врски, бракови, бизниси – Италија ги укинува фотографиите од камерите за брзина во сообраќајот

А1он

Пет денови посебен режим на сообраќај во главниот град

А1он

Казнети 285 возачи во Скопје, 107 за брзо возење

Поради генерална проба за Министерскиот совет на ОБСЕ, утре посебен сообраќаен режим во Скопје

Предраг Петровиќ

Снег во Дебарско, прекини во снабдувањето со струја

Во прекин сообраќајот за тешки товарни возила на патот Струга – ГП „Ќафасан“

Предраг Петровиќ