ВИДЕО: 12-годишна велешанка брутално натепала врснички, полицијата поднесе пријава против неа и родителот

Од:

Малолетничка на возраст од 12 години, во два дена, нападнала две нејзини сограѓанки, исто така малолетнички од Велес. Двата напади се случиле за време на викендов. Едно од нападнатите девојчиња имало 11 години, а за двата настани има пријава во велешката полиција.

За настанот беше споделувано видео, кое наиде на остри реакции и осуди од јавноста. Поради двата напади, казнет ќе биде и родителот на 12-годишната велешанка.

„Во полициска станица, во присуство на родител и социјален работник, бил извршен разговор со малолетното девојче, како и со уште една малолетничка која учествувала во настаните. Се преземаат и дополнителни мерки и по целосно документирање на случајот во координација со Центарот за социјални работи ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, како и пријава против родителот С.И.(39) од Велес поради негрижа за дете“, велат од МВР.

На видеото споделено на социјалните мрежи се гледа како 12-годишната малолетничка прво го влече девојчето за рака, додека други го снимаат моментот, за потоа, да ја фати за коса и влече по земја, удирајќи ја по главата. Тогаш, реагира мајката на нападнатото девојче, по што 12-годишната велешанка се трга на страна, а лицата од страна престануваат да снимаат.

Би можело да ве интересира

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка

Уапсени шест малолетници во центарот на Скопје – краделе пари од врсници

А1он

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

„Глас против насилство“: Децата не се виновни за неуспехот на институциите да ги заштитат

А1он

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва