(ВИДЕИ) Локвенец: ВМРО-ДПМНЕ го покажа лажниот патриотизам и лицемерието кога не гласаше за Законот за одбрана

Од:

„СДСМ уште еднаш покажа што значи одговорност, храброст и работа во интерес на државата.

Го оствариме тридеценискиот стремеж да станеme членка на НАТО. Државата да биде слободна, демократска, економски напредна, со ценета и почитувана армија.

Собранието го изгласа Законот за одбрана, кој е од голема важност за членството во НАТО, бидејќи во него е вграден принципот на колективна одбрана.

По три декади нам сонот ни станува стварност, единствено ВМРО-ДПМНЕ и извршителот на Груевски, Христијан Мицкоски не можат и не сакаат да го видат тоа“, рече Хари Локвенец, пратеник на СДСМ.

„Лажниот патриотизам и лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш исплива на површина кога во Собранието, пратениците на опозициската партија не гласаа за Законот за одбрана, наводно поради променетото име.

Од друга страна, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ немаа проблем со уставното име кога се носеше Законот за служба во Армијата. Немаат проблем ниту кога земаат плати или учествуваат на состанок на Европските народни партии.

Извршителот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ самите потврдија дека не им пречи уставното име Република Северна Македонија, туку им пречи прогресот на државата, нејзиното членство во НАТО.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ немаат што да им понудат на граѓаните освен лажен патриотизам, блокади и деструкции, чекор назад кон меѓународна изолација и заробена држава.

Нашето полноправно членство во НАТО е прашање на денови, а не месеци или недели. Собранието го ратификуваше Северноатлантскиот договор и стаса веста дека шпанскиот парламент ја прифати брзата трака за ратификација на нашиот протокол.

Тоа значи дека земјата е безбедна, границите се обезбедени, а граѓаните можат да се чувствуваат сигурно и да ги очекуваат придобивките од членството во НАТО – поголеми инвестиции, повеќе нови работни места, повисоки плати.

Граѓаните сакаат да живеат во европска и просперитетна држава и затоа на 12 април ќе ги поддржат политиките на СДСМ, кои отсекогаш биле насочени исклучиво во интерес на граѓаните и државата.

Нема враќање назад кон изолација и неизвесност. Тие еден чекор назад, ние три напред“, изјави Хари Локвенец, пратеник на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Талевски: ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните

Катерина Ѓуровски

Формирана „Коалиција за европска иднина“

Предраг Петровиќ

СДСМ: Безбедни ученици, бесплатен топол оброк во средно и основно

Горан Наумовски

СДСМ: Платформа од минатиот век се нови лажни ветувања на ДПМНЕ по пример на Скопје

(ВИДЕО) СДСМ и Движењето Нова Република потпишаа меморандум за соработка во пресрет на изборите

Николоски: Дали СДС, Ковачевски и Пендаровски го плаќаат консултантот Еисин со пари од кешот што го извлекувале од тендерите со РЕК