Вицепремиерот Џафери на средби со високи преставници на ЕУ и НАТО во Брисел

Од:

Заменик-претседателот на македонската Влада, Муса Џафери, од утре ќе престојува во дводневна работна посета на Брисел каде ќе оствари голем број средби со високи преставници на Европската унија и НАТО, јавува дописникот на МИА од европската престолнина.

Како што е официјално најавено, Џафери, кој во Владата е задолжен за спроведување на Рамковниот договор, утре најпрво во Европскиот парламент ќе се сретне со известувачот за Република Македонија, Ричард Ховит. Потоа, Џафери ќе се сретне со генералниот секретар на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС), Пјер Вимонт, а попладнето е закажан и состанок со првиот човек на Директоратот за проширување во Европската комисија, Стефано Санино.

За в петок, единствено познато е дека Џафери во седиштето на НАТО ќе има билатерална средба со заменик-генералниот секретар на Алијансата, Александер Вершбоу. Темата на разговорите на македонскиот вицепремиер со неговите соговорници се претпоставува дека ќе биде спроведувањето на Рамковниот договор и исполнувањето на обврските од него во државата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски