Вицепремиерот Бесими во посета на Германија

Од:

Процесот на европска интеграција на Република Македонија, беше во фокусот на разговорите на денешните средби на вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими, при престојот во Германија.

Бесими се сретна со Емили Хабер, државен секретар во германското Министерството за надворешни работи, Николаус Мајер – Ландрут, советник на канцеларот Ангела Меркел, како и со Петер Вајс, Јосип Јуратович и Јохан Вадехул од Групата за соработка со Југоисточна Европа, и Андреас Шокенхоф, потпретседател на комисијата за надворешни работи во германскиот Бундестаг.

Владиниот Секретаријат за европски прашања соопшти дека вицепремиерот се осврнал на остварениот прогрес во спроведувањето на активностите од европската агенда. Ја истакнал и важноста на Пристапниот дијалог на високо ниво кој придонесе за нова динамика во остварувањето на реформите во петте клучни области.

Бесими посочил дека постигнатиот напредок беше соодветно нотиран во пролетниот извештај на Европската комисија со што се потврди дека земјата останува на својата стратешка определба за членство во ЕУ и ги исполнува условите за почеток на преговорите.

– Германија уште еднаш ја потврди поддршката за Република Македонија во процесот на интеграција и ја истакна важноста од понатамошните напори за унапредување на добрососедските односи и решавање на прашањето за името како и унапредувањето на регионалната соработка. Исто така треба да се направат напори за имплементација на политичкиот договор од 1 март и да се одржи меѓуетничкиот дијалог. На средбите исто така беше констатирано дека Македонија и Германија имаат одлична билатерална соработка, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Русија го информира ОБСЕ дека Москва и Западот се блиску до воен конфликт

Горан Наумовски

Радев: ЕУ не преговараше со Русија на време, сега мора да ја преиспита својата стратегија

Зеленски со писмо до ЕУ: Предлогот за придружено членство на Украина е неправеден

Филипо: Пресудата против „Еуроклеар“ би можела да ја парализира ЕУ

СДСМ: Мицкоски не сака во ЕУ, тој сака власт без контрола и без одговорност

„Гардијан“: Европа мора да се однесува како Кина за да ја преживее ерата на хаосот