Вицепремиерот Бесими во посета на Брисел

Од:

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Фатмир Бесими од денеска е во дводневна работна посета во Брисел во рамки на која ќе се сретне со генералниот директор на Директоратот при ЕК за проширување Стефано Санино.

Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, Бесими на оваа прва средба со Санино ќе разговара за постигнатиот напредок во реализацијата на договорените реформски цели во рамки на пристапниот дијалог на високо ниво и за подготовките за пролетниот извештај на Европската комисија.

Во рамки на посетата заменик претседателот Бесими ќе има средби и со Пиер Вимонт, генерален секретар на Европската служба за надворешни работи, Гилс Мерит, генерален секретар на „Пријатели на Европа“, како и со претставниците на Комитетот за Западен Балкан-КОВЕБ во Советот на ЕУ, на кои ќе стане збор за активностите коишто се превземаат во однос на подобрување на политичкиот дијалог, а се во склоп со приоритетите од пристапниот дијалог на високо ниво, односно на евро-интеграцискиот процес.

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски