Вицепремиерката Грковска ќе присуствува на молитвениот појадок во Вашингтон

Од:

Вицепремиерката Славица Грковска, од денеска е во посета на Соединетите Американски Држави, каде ќе присуствува на Националниот молитвен појадок што ќе се одржи во Вашингтон, на 2 февруари 2023 година (четврток) информираат од прес службата на Владата.

– Во рамките на посетата на САД, вицепремиерката Грковска ќе има средба и со заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, со сенаторката Џини Шахин, претседавач со Поткотмитетот за надворешни прашања за Европа и регионална безбедносна соработка на Сенатот, како и со Ричард Нефју, координатор за Глобална антикорупција на Стејт департментот на САД. Вицепремиерката Грковска ќе оствaри средба и Џејсон Орландо, директор во Трезорот на САД во канцеларијата за техничка помош, како и со Семи Ширеј, постар лидер на Самитот за демократија. Во рамки на работната посета на Вашингтон вицепремиерката Грковска ќе се обрати на Форумот на тема „Како да се спречи руската агресија врз Украина и штетното влијание на Кина во Европа“, во организација на конгресмените Роберт Адерхолт и Пит Сешнс. Грковска ќе биде панелист и на дебатата „Како да се спречи руското и кинеското влијание во Западен Балкан“, во организација на Трансатлантската мрежа на лидери се наведува во соопштението од Владата.

Би можело да ве интересира

Процедурата за 45 нови возила кои Владата ќе ги купи на лизинг е ефикасна и законска, смета Грковска

A1on

Артан Груби имал две опомени за прекршување на етичкиот кодекс, Џафери ќе одлучува дали ќе го казни

A1on

Грковска: Потребни се храбри луѓе на сите нивоа за да се справиме со корупцијата

Грковска: Лицата ставени на црната листа на САД не треба да бидат ниту на јавни функции ниту кандидати за јавни функции

Грковска-Нефју: САД ја продолжуваат поддршката на Македонија за спречување на корупцијата

A1on

Грковска: Сѐ уште има доволно време случаите од СЈО да се процесираат и да завршат во ефикасна и правична процедура