Вицепремиерката Арифи во официјална посета на Тирана

Од:

Заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања, Теута Арифи  денеска престојуваше на официјална посета на Тирана на покана на минстерката за евроинтеграции на Република Албанија, Мајлинда Брегу.

Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, за време на средбата станало збор за унапредување на евроинтеграциските процеси преку продлабочување на билатералните односи на двете земји во повеќе полиња, а особено преку размена на искуства за процесот на евроинтеграција.

Министерката Брегу истакна дека добрососедските односи и регионалната соработка се  клучни елементи на зарбзување на процесот на европската интерација на земјите на регионот.

– Кога регионот ќе стигне до крајната дестинација зависи од нашиот капацитет за спроведување на европските стандарди што се дел од нашето национално законодавство што го опфаќа владеењето на правото, борбата против корупцијата и организираниот криминал, почитувањето на човековите права и слободи,  одржливата регионална соработка,  економските реформи, развојот на силен невладин сектор и одговорни влади кои им служат на интересите на своите граѓани, истакна Арифи на прес – конференцијата во Министерството за евроинтеграции на Република Албанија.

За време на посетата Арифи оствари средба со претседателот на Република Албанија, Бујар Нишани и со премиерот  Сали Бериша.

За време на средбите се разговараше за  билатералната соработка меѓу Македонија и Албанија, како и последните случувања во евроинтеграциските агенди на двете земји. Притоа, како што се посочува во соопштението, соговорниците се согласија дека оваа година Советот на министри на ЕУ донесе важни заклучоци кои го ориентираат понатамошното движење на земјите од Западен Балкан во процесот на европската интеграција.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски