Вежба на ЕБР и „Волци“ за спасување повредени лица од тешко прооден карпест предел

Од:

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска присуствуваа на заедничка вежба помеѓу Единицата за брзо распоредување на МВР и Баталјонот за специјални сили „Волци“ на армијата.

Припадниците на Единицата за брзо распоредување во изминатиот период во неколку наврати учествуваа во обука од областа на летна алпинистика и јазење, реализирана од страна на припадници на Баталјонот за специјални сили „Волци” при Армијата на Република Северна Македонија.

Како краен резултат на оваа спроведена обука, денеска беше извршена завршна вежба со сценарио „Спасување на повредени лица од тешко прооден карпест предел”. Вежбата беше реализирана на полигонот за летна алпинистика и јазење во Демир Капија во изведба на ЕБР и БСС „Волци“, како учесници.

„Овие луѓе што денеска ги видовте се душата на Македонија, така да изразувам огромна благодарност до сите нив и она што тие го прават. Ваквата заедничка вежба што е спроведена денеска е редовна практика, ќе ги има и во иднина. Ги зајакнуваме сите капацитети кои се потребни од аспект на физичка спремност и тактичка подготвеност и сте она што значи специјално делување на нашите најелитни единици и во иднина ќе продолжиме со зголемен број на такви активности“, потенцираше министерот Тошковски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Министре, батериите ли се виновни за бегството на Груби?

Левица: СВР Велес – семејно гнездо на Тошковски

Горан Наумовски

Тошковски: Барањето за оставка на ДУИ е легитимно, но манипулативно

Tошковски: МВР ќе проверува 500 функционери за потенцијални прекршоци

СДСМ: Тошковски и МВР конечно признаа вина кај Наим Рамука

(ВИДЕО) Кузеска: Скандал, Тошковски удри по полицајците на Блаце за да го спаси Рамука