Вежба „Маврово 2020″на Републичките сили за заштита и спасување и Тимовите за брз одговор при Дирекцијата за заштита и спасување

Од:

Дирекцијата за заштита и спасување во Маврово спроведува вежба на припадниците на тимовите за брз одговор – ТБО при Дирекцијата за заштита и спасување.

Целта на вежбата е демонстрација на повеќе сценарија за подготвеност на човечки и материјално технички ресурси на Дирекцијата за заштита и спасување каде ќе биде тестирано и – Упатство (Протокол) за постапка и делување со превземање на заштитни мерки за справување со Ковид-19 на Републичките сили за заштита и спасување, Тимовите за брз одговор и Просторните сили за заштита и спасување за време на нивно ангажирање во услови на мир и вонредна состојба, обука, тренинг и вежби.

Присутни на настанот ќе бидат директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Аднан Џафероски и тимови за брз одговор за спасување од рударски несреќи, спасување од јами, спасување од планина и тим за прва медицинска помош од Црвениот Крст.

Би можело да ве интересира

Негативен природен прираст и во второто тримесечје, 1.135 помалку родени од умрени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Нешковска: Статистика објави алармантни бројки, инфлацијата на годишно ниво изнесува 4,8 отсто

Горан Наумовски

Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун е зголемена за 22.5 отсто

Ангелов: Во моментов најсериозен е пожарот во дојранско Николиќ

А1он

Ангелов: Во земјава активни се пет пожари, вчера изгаснавме 66

А1он

Ангелов: Нема реална опасност од ширење на пожарот над селото Чучер и нема потреба од паника

А1он