Ветровито и постудено за новогодишните празници

Од:

Времето денеска во земјава претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за слаб локален снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од минус 5 до 0, а максималните ќе достигнат од 3 до 11 степени.

Во Скопје, претпладне ќе преовладува сончево време, а попладне ќе има зголемување на облачноста. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се спуштат до минус 2, а максималните ќе достигнат до 10 степени.

Под влијание на студена воздушна маса во среда ќе дува засилен до силен северен ветер што ќе услови и дневната температура на повеќе места да остане под нула. Во четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер, а во петок ветерот ќе го смени правецот во јужен и ќе има услови за слаб дожд и снег на планините. За време на викендот ќе биде претежно сончево со пораст на температурите.

Би можело да ве интересира

Променливо облачно време со сончеви периоди за празниците

Сончево во мала облачност и темеператури до 20 степени

Темепратура до 25 степени денска, од утре повеќе облаци, во сабота повеќе дожд

Сончево и топло до 25 степени

Дожд денеска и утре, од недела потопло

Облачно со дожд, на повисоките места и снег