А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Ветерот го отежнува гаснењето на пожарот кај езерото Младост, канадерите се повлекуваат поради слабата видливост

by А1он26/08/2019 - 20:19781
Share0

Се уште е активен пожарот кај езерото „Младост“, Велешко. Пожарот во горниот дел кај езерото е ставен под контрола, но има проширување на краци назад кон Башино Село и отпадот „Дине“ кај автопатот, соопшти вечерва Центарот за управување со кризи.

Следете a1on на Instagram Instagram

На терен дејствуваат екипи на Армијата и екипи на Територијалните противпожарни единици од Велес, Неготино, Свети Николе, Штип и Кавадарци, а побарана е помош и од ТППЕ Скопје, која на „Фејсбук“ профилот објави дека нејзини екипи се веќе на теренот.

– Во текот на целиот ден се дејствуваше и од воздух со хеликоптер на Армијата и два канадери на Дирекцијата за заштита и спасување, кои поради слабата видливост во текот на ноќта ќе бидат повлечени, се наведува во соопштението.

Гори нискостеблеста шума, смрека и сува трева, а силниот ветар во моментот го отежнува гаснењето на пожарот. Во тек е координација на градоначалникот на Општина Велес со субјектите кои се вклучени во гаснењето на пожарот.

Следете a1on на Youtube YouTube

Претходно вечерва, од СВР Велес информираа дека четири лица од градежна фирма од Велес, кои извршувале градежни работи со брусалица, се приведени под сомнение дека го предизвикале пожарот над езерото „Младост“.

– Се разговара со лицата и тие ќе бидат предадени на јавен обвинител, велат од СВР Велес.

Од Авто мото сојузот на Македонија соопштија дека вечерва во 19:40 сообраќајот на патниот правец Скопје-Велес, кој привремено беше пренасочен поради пожарот, е нормализиран.

pozarveles

Би можело да ве интересира

Нов сомнеж за саботажа во Германија: Изгореа три градежни возила на градилиште на Рајнметал

Предраг Петровиќ30/10/2026 - 23:0330/10/2026 - 23:04

(ФОТО) Татко и син живи ќе изгореа во пожар во куќа во Белград – спасени во последен момент

А1он23/10/2026 - 16:47

Се вршат претреси за измамите на граѓани со „кубански вакцини“ – осомничениот е во болница

А1он23/10/2026 - 15:46

(ВИДЕО) Пожар во воена база во Канада, има жртви

Горан Наумовски18/10/2026 - 07:44

(ВИДЕО) Пожар во Калифорнија зафати 465 хектари – издадена е наредба за итна евакуација

Горан Наумовски17/10/2026 - 20:03

(ВИДЕО) Голем пожар уништи еден од најпознатите париски пазари

Горан Наумовски12/10/2026 - 08:32
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео