А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Ветеринарна комора: Да се најде баланс меѓу заштитата на населението од КОВИД-19 и благосостојбата на животните

by А1он27/03/2020 - 14:38516
Share0

Ветеринарната комора ги повикува здруженијата за заштита на животни заеднички, координирано и хармонизирано да изготват и да достават аргументирани и издржани барања во однос на изнесувањето на милениците за време на полицискиот час во викенд-деновите (сабота и недела), кога забраната за движење почнува од 16:00 часот.

Добивај вести на вибер

Комората ќе ги разгледа и ќе даде свое мислење, а ќе поддржи предлог кој ќе биде со јасни и прецизни одредби за временските и просторните ограничувања, како и за другите евентуални постапки на сопственицитете кои нема да го загрозуваат јавното здравје.

– Во услови на вонредна состојба поради пандемијата со вирусот на Ковид-19 и преземените мерки за спречување на неговото ширење, меѓу кои и ограничување на движењето на граѓаните во време на траење на полицискиот час, засегнати се најдоа многубројни сопственици на кучиња, како и одгледувачи на добиток. Ветеринарната комора активно ќе се вклучи во изнаоѓањето најсоодветни решенија, водејќи се од своите професионални начела на заштита на здравјето на луѓето и животните. Во овој исклучително деликатен момент повикуваме на мудрост, одговорност и способност да се направи баланс меѓу потребата од преземање ригорозни мерки за заштита на населението од КОВИД-19 и нужноста за пружање елементарни услови за одржување на благосостојбата на животните, вели за МИА претседателот на Комората, Томислав Николовски.

Според него, сепак, во сето тоа најважна улога ќе одиграат сопствениците на животни и нивната одговорност и дисциплина.

Ветеринарната комора неодамна излезе со соопштение до јавноста во кое се изнесени сите релевантни стручни и научно потврдени информации во врска со Ковид-19 и неговата неможност да се шири преку домашните миленици.

– Уште еднаш во оваа прилика потенцираме дека не постојат никакви научно валидизирани докази за ширење на вирусот од миленик на човек. Следствено на ова, а по добиени информации за труење на кучиња во разни делови на државата, најостро ги осудуваме тие крајно нехумани и нерационални постапки. Повикуваме на разум, одговорност и на преземање на сите мерки на превенција кои ги препорачуваат здравствените власти во нашата држава за надминување на оваа крајно сложена состојба, истакнува Николовски.

policiski casveterinarna kormora

Би можело да ве интересира

Прогласен e полициски час во центарот на Лос Анџелес

Горан Наумовски11/06/2025 - 07:29

Хелсиншкиот комитет и Македонско здружение на млади правници: Да се амнестираат луѓето што го прекршиле полицискиот час

Горан Наумовски23/02/2023 - 12:40

Парична казна за гостиварец заради непочитување на полицискиот час​

Ана Ололовска13/07/2021 - 09:49

Казна од 2000 евра за охриѓанец обвинет за непочитување на полицискиот час во Скопје

Ана Ололовска01/07/2021 - 11:32

Велешкото обвинителство предложи казни од по 800 евра за 10 лица за непочитување на полицискиот час

Ана Ололовска22/06/2021 - 12:25

Предложени парични казни против три лица за непочитување на полицискиот час во Скопје

Ана Ололовска22/06/2021 - 10:44
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен