Ветерани од белградската воена гимназија во посета на Пијанечко-малешевскиот регион

Од:

Група од 30 ветерани кои завршиле воена гимназија во далечната 1980 година во Белград, викендов го посетија Пијанечко-малешевскиот регион.

Еден од ветераните кој бил дел од таа генерација е и делчевецот Мирко Ристовски за кого денес беше задоволство да се биде повторно во родниот крај.

– Се собираме два до три пати годишно. Не има околу 30 ветерани и ете денес дојде ред да го посетиме Делчево. Јас потекнувам од овде и ми беше чест што претставници на општината пред колегите ни ги претставија сите богатства што ги нуди нашиот крај. Со сите ветерани од генерацијата 1980 имаме одлична дружба, не има до сите краеви на поранешна Југославија и често имаме дружба и секогаш посетуваме некое ново место, вели Ристовски.

Во рамки на презентацијата која се одржа во фоајето на Спомен дом АСНОМ, претставници на општината го презентираа документарниот филм за најпознатиот пијанечки бренд орото “Копачка”.

– Средбите кои ги правиме со колегите ветерани се токму такви да го видиме најдоброто од местото од каде потекнуваме. Несомнено за Делчево „Копачката” е една од уникатните работи што се изворни овде во Пијанец. Јас сум организатор на популарната делчевска вечер во Скопје и членовите на Копачката редовно беа на репертоарот на таа манифестација, додава Ристовски.

Во текот на вчерашниот ден воените ветерани биле во посета на Берово при што посетиле значајни културно-историски знаменитости карактеристични за Малешевијата.

Би можело да ве интересира

Денеска е погребот на Ратко Младиќ

А1он

Белградска парада на гордоста: Голем дел од центарот на градот затворен, сообраќајот променет

(ВИДЕО) Телото на Ратко Младиќ пречекано со воени почести, на погребот се очекуваат десетици илјади граѓани

A1on

(ВИДЕО) Изгорени десет автомобили во Нов Белград, се истражува дали пожарот е подметнат

Горан Наумовски

Грабеж во Белград – од куќа украден сеф со злато и 400.000 евра

А1он

Почина човек на Ада Циганлија во Белград

А1он