Весникот „Илинден” стана дел од платформата Daily.mk

Од:

Единстениот печатен медиум на македонски јазик во Албанија, весникот „Илинден“, кој од средината на март годинава е и со елекронско издание, стана дел од платформата Daily.mk .

– Сега весникот „Илинден” ќе биде уште по блиску до читателите. На тој начин, „Илинден” стана прв весник на Македонци од Балканот што е дел од прекрасната платформа за вести. Редакцијата на весникот Илинден му се заблагодарува на тимот на Daily.mk, изјави за МИА, Никола Ѓурѓај, главен и одговорен уредник и познат публицист.

Првиот број на весникот „Илинден“ беше објавен на 8 февруари 2013 година, како двоброј за март и април и во изминатите години предизвика голем интерес кај читателската публика во Република Албанија и меѓу македонската дијаспора во светот. Весникот пренесува информации и за матичната земја Македонија.

– Сега, можноста е многу поголема, се она што објавува весникот – активностите на македонските друштва, македонската партија МАЕИ, негувањето на традициите и обичаите, објвавени книги, монографии и публикации на Македонците, да го прочитаат и да се запознаат сите Македонци каде и да се на земјината топка, посочи Ѓурѓај.

Весникот е на македонското друштво „Илинден“, со седиште во Тирана, чии основни заложби, нагласува тој, се заштитата и афирмацијата на македонскиот етнички, јазичен, културен, верски, историски и државен идентитет, континуитет и наследство на Македонците во Република Албанија.

Би можело да ве интересира

Судија убиен во апелацискиот суд во Тирана

А1он

Албанија има најниска минимална плата во Европа

А1он

Албанската полиција спасила македонски параглајдерист носен од невремето

(ВИДЕО)Трамп: Ги помирив „Абербајџан“ и Албанија

Рама ги најави „дигиталните министри“ во Албанија

(ВИДЕО) „Бајрактар“ во Албанија сними намерно подметнување на пожар