Весковски: Најкатегорично ги демантирам изнесените невистини и обвинувања од страна на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Генералниот директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Душко Весковски, реагира прес конференцијата на портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Наум Стоилковски кој го обвини за расипничко трошење.

dobivaj vesti na viber

Во продолжение го пренесуваме неговиот деман во целост.

„Најкатегорично ги демантирам изнесените невистини и обвинувања од страна на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски на денешната прес конференција.

Би сакал да ве информирам дека:

-Во изминативе четири години ниту еднаш лично не сум искористил средства од ЈП Водовод и канализација – Скопје за кафе, кафеани и ресторански услуги.

-Само за споредба во 2016 година кога на чело на претпријатието е кадар на ВМРО-ДПМНЕ за спонзорства и донации се потрошени 19,170,983 денари, а во 2021 година се потрошени 2,235,170 денари, средства кои се искористени за потребите на синдикатот на претпријатието со што се изврши реновирање на одмаралиштето во Претор кое го користат вработените на ЈП Водовод и канализација – Скопје.

-Никогаш во изминативе четири години не сум користел службен мобилен апарат и не се трошени средства на претпријатието за набавка на скапи мобилни телефони.

-Согласно извештајот за работењето на претпријатието за период од 01.01.2021 заклучно со 31.09.2021 година ЈП Водовод и канализација – Скопје има остварено добивка во висина од 59,033,858 денари.

-Како во изминативе три години така и оваа година извршена е ревизија за работата на претпријатието од страна на независна надворешна ревизорска куќа која нема забелешки за работата на претпријатието.

Ваквите паушални и манипулативни толкувања на извештајот за работата на претпријатието од страна на советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје и портпаролот Наум Стоилковски се дадени како резулат на внатрепартиската пресметка за избор на директор на ова јавно претпријатие.

Во ниту еден случај нема да дозволам најтранспарентното јавно претпријатие во државата и јас лично да бидеме предмет на дневно политичката кампања на ВМРО-ДПМНЕ“, наведува Весковски во својот демант.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Стоилковски: Поделени вработувања? Миленици на Антимакедонската СДС во АЕК, на ДУИ во МНР

(ВИДЕО) Стоилковски: Функционерка на СДС ухлебена во АЕК за 55.000 плата

СДСМ: Стоилковски во континутитет манифестира доза на шовинизам насочен кон женскиот пол

(ВИДЕО) Стоилковски: Владата да не бега од референдум

Стоилковски: Зошто Каевски во анкетниот лист крие куќа во Волково?

Стоилковски: Институциите да не молчат, градел ли Каевски на диво, има ли доказ за потекло на парите?

Катерина Павлова-Николовска