Весковски: Најкатегорично ги демантирам изнесените невистини и обвинувања од страна на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Генералниот директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Душко Весковски, реагира прес конференцијата на портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Наум Стоилковски кој го обвини за расипничко трошење.

Во продолжение го пренесуваме неговиот деман во целост.

„Најкатегорично ги демантирам изнесените невистини и обвинувања од страна на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски на денешната прес конференција.

Би сакал да ве информирам дека:

-Во изминативе четири години ниту еднаш лично не сум искористил средства од ЈП Водовод и канализација – Скопје за кафе, кафеани и ресторански услуги.

-Само за споредба во 2016 година кога на чело на претпријатието е кадар на ВМРО-ДПМНЕ за спонзорства и донации се потрошени 19,170,983 денари, а во 2021 година се потрошени 2,235,170 денари, средства кои се искористени за потребите на синдикатот на претпријатието со што се изврши реновирање на одмаралиштето во Претор кое го користат вработените на ЈП Водовод и канализација – Скопје.

-Никогаш во изминативе четири години не сум користел службен мобилен апарат и не се трошени средства на претпријатието за набавка на скапи мобилни телефони.

-Согласно извештајот за работењето на претпријатието за период од 01.01.2021 заклучно со 31.09.2021 година ЈП Водовод и канализација – Скопје има остварено добивка во висина од 59,033,858 денари.

-Како во изминативе три години така и оваа година извршена е ревизија за работата на претпријатието од страна на независна надворешна ревизорска куќа која нема забелешки за работата на претпријатието.

Ваквите паушални и манипулативни толкувања на извештајот за работата на претпријатието од страна на советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје и портпаролот Наум Стоилковски се дадени како резулат на внатрепартиската пресметка за избор на директор на ова јавно претпријатие.

Во ниту еден случај нема да дозволам најтранспарентното јавно претпријатие во државата и јас лично да бидеме предмет на дневно политичката кампања на ВМРО-ДПМНЕ“, наведува Весковски во својот демант.

Би можело да ве интересира

„Водовод“: Можни се појави на намален притисок и прекини на водоснабдувањето во одредени делови на Скопје

(ВИДЕО) Арсовска: Фатен нов див приклучок на вода во Сарај, си наводнувал пластеници

Предраг Петровиќ

Стефковски со закана до Водовод: Пуштете вода веднаш или излегуваме на улица

Водата од беровскиот водовод не е за пиење

А1он

Стоилковски: Обвинителство наводно истражува заговор, власта и директорите на Хирургија се договараат

Стоилковски: Денеска е 14-ти ден на колапсот на Хирургија