А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Весели: Охридскиот договор ја демократизира Северна Македонија и го стабилизира Балканот

by А1он13/08/2019 - 10:51296
Share0

Претседателот на Собранието на Косово и лидер на Демократската партија на Косово (ПДК) Кадри Весели, по повод 18-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, порача дека „овој настан претставува најголемо достигнување во напорите на Албанците за да живеат како рамноправни на своите простори“ во Северна Македонија.

Добивај вести на вибер

Весели преку објава на Фејсбук оцени дека Охридскиот договор е „доказ оти албанската нација е мирољубива и проблемите претпочита да ги решава по пат на дијалог и разбирање“

– Осумнаесет години од потпишувањето на Охридскиот договор во Северна Македонија. Овој настан претставува најголемо достигнување во напорите на Албанците за да живеат како рамноправни на своите простори во рамките на таа држава. Оваа спогодба е доказ дека албанската нација е мирољубива и проблемите претпочита да ги решава по пат на дијалог и разбирање, напиша Весели.

Спикерот на косовскиот Парламент порача дека „мирот во Северна Македонија е од животно значење и за Косово“.

– Заедно со Договорот за името, таа (спогодба) ја демократизира Северна Македонија и го стабилизира Балканот. Мирот во Северна Македонија е од животно значење и за Косово, затоа ние сме горди што нашите сонародници беа конструктивни и одиграа решавачка улога за евроатлантскиот пат на таа држава, напиша Весели.

kosovomakedonijaohridski dogovor

Би можело да ве интересира

Приведен возач без дозвола и двајца малолетни сопатници, во возилото пронајден пит бул повреден во борба со кучиња

Предраг Петровиќ11/04/2026 - 14:50

Приведени двајца малолетници во Неготино, проголтале бела грутчеста материја кога наишла полиција

Предраг Петровиќ11/04/2026 - 14:29

Опожарени три возила кај Бит Пазар

Предраг Петровиќ11/04/2026 - 14:25

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради празникот Велигден

Предраг Петровиќ11/04/2026 - 11:14

Претрес во Делчево, пронајдена дрога и огревно дрво без документација, лишено од слобода едно лице

Предраг Петровиќ11/04/2026 - 11:08

Велика Сабота – денот меѓу смртта и воскресението

Предраг Петровиќ11/04/2026 - 10:24
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто