Весела математика-владата за малку ќе останеше без службени автомобили

Од:

Сериозен пропуст на службата за општи и заеднички работи. За влакно е избегнат срам владата да остане без службени автомобили од први август годинава кога завршува оперативниот лизинг за 40 фолсваген пасати кои ги користеа досега.

Договорот за оперативен лизинг склучен на три години истекува денеска а понудите за новиот оглас требаа да се достават до 27-ми месецов.

За да ја исправи грешката а владата да не остане без службени автомобили, со постапка на преговарање службата за општи и заедничи работи ќе потроши плус 72.000 евра народни пари за да набави возила за период од 1-ви август до 1-ви ноември годинава.
Во периодот додека ќе се избира кој ќе го лапне бизнисот со оперативен лизинг вреден 2 милиони евра, со возила по пат на лизинг владата ќе ја снабди Порше Македонија ДООЕЛ Скопје.

Постапката со преговарање без објавување оглас, службата за општи и заеднички работи ја правда како пропуст.
Во образложението за оправданоста на постапката со преговарање без објавување оглас на бирото за јавни набавки службата за општи и заеднички работи напишала.

„Поради оправдани причини рокот за објавување на огласот се пролонгира, а договорот за изнајмување на возила по пат на оперативен лизинг истекуваше на 01.08.2015 год.Службата мораше да спроведе постапка со преговарање без објавување на оглас, согласно со член 99, став 1 алинеја 3 од причини од крајна итност од ЗЈН, со цел да склучи договор за изнајмување на возила за периодот додека не се избере нов понудувач и не се склучи нов договор за изнајмување на возила по пат на оперативен лизинг“
Засега останува непознато кој од увозниците на автомобили ќе инкасира од државата два милиони евра.

Ако се направи проста математика според парите кои се планираат да се потрошат или околу два милиони евра-цена на едно возило за користење за период од три години изнесува 50.000 евра без во тоа да се вкалкулира горивото и ангажманот на професионален возач.

Б.С.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Владата го усвои Предлог законот за соодветна и правична застапеност

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ и партнерите ќе одбележат една година власт пред платото на Владата

ВЛЕН: Следната недела се затвора историска рана, ќе биде донесен законот за правична застапеност на Албанците

Владата ја усвои новата Стратегија за конфискација на незаконски стекнат имот

Ребалансот на буџетот треба да биде на владина седница најверојатно во четврток

Повредените и семејствата на починатите во трагедијата во Кочани не се сами, порача Владата