Веруваме дека ќе се донесе законско решение прифатливо за сите, вели Арсовски за предлог законот за дивоградби

Од:

Предлог-законот за легализација на бесправно изградените градби се враќа во Собранието на трето читање, а во овој меѓу период од 30 дена, Владата очекува широка дебата, со која ќе се искристализираат позициите на сите засегнати и ќе се пронајде оптимално решение.

Владиниот портпарол Душко Арсовски денеска на прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање за тоа зошто претходно не се одржала широка дебата, нагласи дека и тоа што сега таа се отвора е добро, бидејќи, како што напомена, тоа значи дека реакциите биле слушнати.

За тоа како би изгледала таа дебата, кога би почнала, дали има рокови, Арсовски одговори дека Министерството за транспорт и врски планира да оствари средби со координаторите на пратеничките групи во Собранието, а предлогот е доставен и до Заедницата на единиците на локалната самоуправа, од каде се очекуваат предлози со цел подобрување на текстот на законот. Во престојниот период, додека законот за врати во трето читање, ресорното Министерство ќе оствари средби и со граѓански здруженија, асоцијации, при, што како што посочи Арсовски, се очекуваат и нивни предлози.

– Владата секогаш е отворена, очекуваме предлози и веруваме дека на крајот ќе се донесе законско решение прифатливо за сите, истакна Арсовски.

Предлог-законот за легализација на бесправно изградените градби е вратен во Собранието по одлуката на претседателот на државата Стево Пендаровски да не го потпише Указот за прогласување на Законот.

Владата вчера соопшти дека ќе бидат отворени за доработка и најдобри решенија на предлозите кои се однесуваат на временскиот период со кој треба да биде опфатена легализацијата на дивоградбите, потоа реалната дистинкција меѓу објектите кои се за лично домување и оние кои се изградени како станбени згради за профит, како и прашањето за категорична и јасна законска одредба дека со легализација нема да бидат опфатени бесправно изградените објекти во заштитените подрачја, како и сите други укажани прашања на кои посочија јавноста и граѓаните.

Според министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, уставната можност што ја искористи претседателот да не го потпише законот за легализација на дивоградби е уште една шанса заедно да се дискутира со јавноста, пратениците, експертите,.. да се најде решение со цел да им се помогне на граѓаните.

Тој посочи дека бројот од околу 50.000 дивоградби што според првичните проценки треба да бидат опфатени со овој закон го утврдиле од комуникацијата со општините, коишто имаат одредени сознанија и информации и во однос и на претходниот закон колку барања за легалзаиција се одбиени, колку се во процес на работа.

Против повторно носење на нов Закон за утврдување павен статус на бесправно изградени објекти се изјасни Асоцијацијата на архитекти на Македонија, затоа што, како што вчера наведоа, тој ги суспендира сите важечки прописи за урбанистичко планирање кои се грижат за квалитетот на изградениот простор и дава погрешен сигнал дека бесправното градење нема да се казнува.

Законското решение беше донесено минатата недела во Собранието, по што претседателот Пендаровски не го потпиша Указот за негово прогласување. Претседателот порача дека доколку Собранието вторпат го изгласа со потребното мнозинство од 61 пратеник законот за постапување по бесправно изградени објекти, ќе мора да го потпише указот за негово стапување во сила, бидејќи, како што рече, со првото непотпишување се исцрпуваат неговите уставни надлежности.

Би можело да ве интересира

Левица: Дивоградбите во Гази Баба недопирливи веќе два мандати

(ВИДЕО) Цело село во црвена зона поради еден објект: Жители на Горно Врановци не можат да си ги легализираат куќите повеќе од една деценија

Орце Костов

Општина Велес нема да ги урива дивоградбите на Бабуна, ќе спречува да никнуваат нови

Орце Костов

Бочварски очекува до крајот на годинава да биде готово предлог решението за новиот закон за градење

Ана Ололовска

Законот за дивоградби помина на ЕНЕР, Министерството ќе ги разгледува забелешките

Ана Ололовска

Премиерот Заев најави дека ќе продолжи отстранувањето на дивоградбите од крајбрежјето на Охридското Езеро

Ана Ололовска