Верниците од Куманово се простија од Владиката Кирил

Од:

Верниците од Куманово денеска се простија од митрополитот полошко кумановски г. Кирил, кој почина вчера на 79-годишна возраст.

Посмртните останки на митрополитот беа изложени во соборниот храм  „Свети Никола“. Епископот лешочки Јосиф заедно со свештениците од Кумановската епархија отслужија заупокоена литургија за митрополитот Кирил.

– Ти беше и ќе останеш гордост на Македонската православна црква, на Полошко кумановската епархија и на секој Македонец како во татковината така и насекаде во дијаспората, истакна епископот Јосиф.

Во Соборниот храм „Свети Никола“ е отворена книга на жалост. Верниците велат дека долго ќе се сеќаваат на митрополитот кој со нив ги делел моментите на радост и тага.

Митрополитот Кирил 26 години ја водеше Полошко-кумановската епархија во која се опфатени архиерејските намесништва во Тетово, Гостивар, Куманово, Кратово и Крива Паланка.

ФОТО: kumanovonews.com

Би можело да ве интересира

Српскиот патријарх Порфириј: Одлуката за МПЦ беше најспасоносна и најдобра, и за нив, и за нас, за сите

Предраг Петровиќ

Г.г. Стефан: Ништо друго не може да ни даде сила и утеха освен надежта во воскресението

МПЦ-ОА замолува за достоинствено и христијанско однесување на погребите

Нов портпарол на Синодот ќе биде епископот Хераклејски г. Климент

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ

Богородичната икона Троеручица денеска пристигнува во Скопје