Веритас: Жерновски кажува полувистини со цел да ја стопира изградбата на црквата

Од:

Граѓанската Иницијатива Веритас остро реагира на изјавите на градоначалникот на Општина Центар г. Андреј Жерновски дадени во последните два дена со кој сака на нечесен начин преку манипулации да се оцрни нашата иницијатива за спас од рушење на Црквата Св. Елена и Константин.

Нечесно е од една страна Жерновски во јавноста да тврди дека нема да руши Црквата, а во реалност прави се за да изградбата на црквата се спречи, се вели во нивното соопштение.

Одлуката за укинување на ДУП-от Мал Ринг предложена до Советот на Општина Центар предвидува враќање на стариот Урбанистички план каде не е предвидено изградба на црква, со што автоматски постојната Црква која е во изградба станува дивоградба и треба да биде срушена.

Образложението на Жерновски дека укинувањето на ДУПОВИТЕ ќе значи стопирање на изградбата само на “објекти во рана фаза во изградба” е измислена кованица која правно е неиздржана и нема законска основа.

Друга точка на заблуда и невистина е правдањето на Жерновски дека кога зборел за укинувањето на дуповите мислел на враќање на зелени тревни површини, кои не се однесуваат на црквата, туку на парцели кои се наоѓаат околу хотел Бристол. Вистината е дека тие површини за кој не уверува Жерновски дека се МАЛ РИНГ не е вистина. Тие се дел од површината на ГОЛЕМ РИНГ Скопје, стои во соопштението.

Ова докажува дека Жерновски свесно и тенденционзо ја одбегнува вистината и се служи со полувистинити квалификации се со цел да ја истурка својата агенда за стопирање на изградбата на црква.

Предупредуваме дека Жерновски ќе се соочи со жесток отпор од граѓаните доколку продолжи со овие негови намери.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски