ВМРО-ДПМНЕ: Венко Филипче е најголем застапник на бугарските позиции во Македонија

Од:

Филипче да каже дали е дел од мрежата на бугарските мисии во Скопје за кои говори Петрова Чамова ?

Венко Филипче е најгласен во одбрана на бугарските позиции во Македонија, Филипче отворено ги промовира бугарските позиции и има ист став по однос на Уставните измени со бугарските власти, предводени од Румен Радев, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Филипче и СДС немаат против да бидеме „северномакедонци“. За Филиче и СДС не е проблем да ја туркаат тезата дека Македонија мора да прифаќа секакви условувања за да добие европска перспектива.

За Филипче и СДС не е проблем народот да биде нарекуван „северномакедонски“, ниту пак имаат проблем со бришењето на националните обележја, само за да дојдат до власт.

СДС, Филипче и Заев повторно нудат распродажба на Македонија за личен спас, наместо да ги бранат македонските интереси Филипче повикува на обединување за промена на Устав со цел внесување на Бугарите.

Со што е толку уценет и исплашен Филипче од бугарски политичари па ги шири и спроведува нивните политики во Македонија.

Државата не смее да биде жртва на сервилните политики на СДС. Македонскиот народ нема да дозволи нови понижувања, нови бланко договори и ново распродавање на идентитетот. Државните и националните интереси мора да бидат над политичките калкулации на СДС и нивното криминално наследство, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар

Ѓорѓиевски: По повеќегодишен застој и стагнација ја завршуваме изградбата на клучката кај Момин Поток

Пристигнаа сто нови возила за итната помош, се унапредуваат условите за иницијален третман на пациентите уште при транспортот

„Разговори за иднината во 12:05: Филипче уште еднаш го жртвува другарот Јовица Радески