Велосипедист загина во сообраќајка во Тетово

Од:

Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајна несреќа што околу 18 часот и 35 минути се случи на крстосницата од улицата „Борис Кидриќ“ со булеварот „Видое Смилевски Бато“ кај спортскиот центар во Тетово, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Според неговите првични информации, во несреќата велосипедист чиј идентитет се уште не е познат настрадал по сударот со тешко товарно моторно возило – цистерна управувано од Н.С.(42) од Скопје.

„Велосипедистот во сударот се здобил со тешки телесни повреди од кои починал. Увидот допрва треба да започне на самото место каде се екипа на СВР Тетово, истражен судија и јавен обвинител. Возачот на цистерната е задржан во полиција“, изјави Јосифовски.

Би можело да ве интересира

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски

Скопјанец силувал и претепал жена во станот на неговата покојна мајка

Жарко Настоски