Велосипедист повреден во сообраќајка во Скопје

Од:

Еден возач на велосипед се здобил со тешки телесни повреди во една од вкупно 12 сообраќајни несреќи што се случиле во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во три незгоди три лица се полесно повредени, а во осум е причинета материјална штета.

Вчера полицијата презела казнени мерки поради поголем број прекршоци кај 19 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, двајца возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, тројца возачи поминале на црвено светло на семафор, како и кај 17 возачи кои го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано. Санкционирани се и 28 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин, односно поминале на црвено светло на семафор. Затекнати се и 78 непрописно паркирани возила.

Со помош на специјалното возило „пајак“, отстранети биле 50 возила.

Денеска Одделението за превенција заедно со Училишната сообраќајна единици ќе преземат превентивни мерки од областа на сообраќајот на подрачјето на општина Карпош, поточно на сообраќајниците кои гравитираат околу ТЦ „Сити мол“.

Би можело да ве интересира

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он

Едно лице загина, а осуммина се повредени во сообраќајна несреќа во БиХ

Горан Наумовски

Пет лица се повредени во сообраќајна несреќа

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Седум навивачи на ПАОК загинаа во сообраќајка во близина на границата со Србија

Горан Наумовски

Какви се казните од „Безбеден град“: Поминување на црвено 250 евра и забрана за управување возило до 12 месеци