Велковски ветува подобри услови за настава во училиштата во Аеродром

Од:

Кандидатот за градоначалник на Општина Аеродром од опозицискиот „Сојуз на иднината“ Диме Велковски обвинува дека неговиот противканди дат од коалицијата „За подобра Македонија“ и актуелен градоначалник Ивица Коневски  не ги исполнил ветувањата од пред четири години за изградба на две нови училишта во општината.

– Нема ниту трага ниту глас од новиот објект на училиштето „Димитар Македонски“ што требаше да почне да работи во учебната 2010-2011 година со вкупен капацитет од 550 ученици, рече Велковски.

Децата од населбата Лисиче, посочи, се уште учат во објект од времен карактер стар половина век.

Според Велковски, обезбедувањето нормални услови за настава во училиштата во општината е на врвот на  неговата листа на приоритети кога ќе ја добиел довербата од жителите на Аеродром.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?