Велковски: Сите пратеници да ги поддржат законите од пакетот антикризни мерки во Собранието

Од:

Во услови на најголема економска и енергетска криза, во која се наоѓа Европа и светот, се чувствуваат силни последици од она што се случува на глобоално ниво, растат цените за храна и енергија. Во собраниска процедура се поднесени повеќе економски мерки вредни 400 милиони евра директно насочен кон заштита на стандардот на граѓаните и помош на стопанството рече на прес конференција пратеникот на СДСМ Диме Велковски.

– Целосно се укинува ДДВ за основните производи храна, на 0%. Лебот, брашното, маслото за јадење, млекото, шеќерот, месото, јајцата и оризот се опфатени со оваа мерка. Ги укинуваме царинските давачки за увозот на основните прехранбени производи, и тоа од сите земји во светот.Понатаму, ја намалуваме акцизата за горивата и го намалуваме ДДВ за енергенсите од 18 на 10%. Дополнително, целосно ослободуваме од плаќање ДДВ при увоз на гас, електрична и топлинска енергија. За ранливите граѓани воведуваме парични ваучери од 3.000 денари. Над 35 илјади граѓани ќе имаат директен бенефит од оваа мерка, што во време на глобална енергетска криза е добредојдена. Ги повикуваме сите пратеници да дадат поддршка на овие измени што за граѓаните ќе значат поевтина храна и ублажување на последиците од поскапувањето на горивата.Ги повикуваме пратениците на ВМРО-ДПМНЕ денеска да покажат одговорност, и ако не сакаат да помогнат, барем да не одмагаат, вели Велковски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?