Претседавачот на Централниот одбор на СДСМ, Диме Велковски, придружуван од координаторката на клубот на жени на СДСМ, Цветанка Ласкова, денеска се сретна со граѓаните на Дебар.
– Забележавме голем број на неправилности во избирачкиот список, посебно овде во Дебар и околните места. Очекуваме решавање на сомнителните прашања за да веруваме во избирачкиот список, рекоа дебарчани, соопштуваат од СДСМ.
Апсолутно за нас постои само една опција. Тоа се фер и демократски избори со чист избирачки список и либерализирани медиуми. Ние не работиме со претпоставки туку бараме факти. Затоа ќе бидеме истрајни во нашите барања, бидејќи вистината е на наша страна. А на фер и демократски избори ќе победи СДСМ, ќе победи европска Македонија, рече Велковски.
Велковски презентираше дел од мерките во Програмата на СДСМ.
-СДСМ создавајќи ја својата програма заедно со граѓаните е за Македонија како еднакво, солидарно инапредно општество. Првенствено наша цел е да ги задржиме младите со обезбедување на нови работни места и развивање на младинскиот претприемнички дух. СДСМ ќе отвори бизнис инкубатори во сите региони, со обезбедени 10.000 евра неповратни средства, за младите да можат да товорат сопствен бизнис. Целта на СДСМ е отворање на нови места но со достоинствени повисоки плати. СоСДСМ просечната плата ќе изнесува над 29.000 денари, рече Велковски.
Нашата борба има заедничка цел. Промените што ќе следуваат да ги почувствува секој граѓанин. Граѓаните и СДСМ ќе ја вратат нашата заедничка држава на европскиот пат како модерна и демократска Македонија, констатираше Диме Веловски.