Велковски најави системско решавање на проблемот со бездомните лица во „Ранка Милановиќ“

Од:

Министерот за труд и социјална политика во техничката Влада, Ѓоко Велковски денеска ги посети бездомниците кои живеат во поранешниот објект на ЈУ за згрижување и воспитување на деца и младинци „Ранка Милановиќ“.

Најави системско решавање на проблемот со кои се соочуваат 70-тина лица кои, како што рече, веќе седум години живеат во мизерни услови.

-Центарот за социјални работи првично со неколку решенија низ годините наназад ги има сместено корисниците. Пак ќе кажам и тоа треба да се разгледа дали е законски, бидејќи овој дом бил за сосема друга социјална категорија на граѓани, не и за сместување на бездомни лица. Меѓутоа, ги сместил со решенија во тој момент и неколкупати ги обновувале. Сега бројката мислам дека не е повеќе од 70-тина луѓе коишто се тука во кругот на оваа зграда. Меѓутоа, знаете дека поради доаѓање и заминувањее на дел од нив, поради условите коишто не се хумани и тие самите напуштааат или се враќаат тука во овие згради да живеат. Треба да се направат системски промени.Треба да се направи системски за да реши проблемот, а тоа значи и дека би имале подобри услови за живот и подобро домување од ова што го имаат во моментов, рече тој.

Велковски најави дека и утре ќе оди во посета на бездомните лица лица кои живеат во „Ранка Милановиќ“ за да им однесат одредена помош составена од храна и социјални пакети

Би можело да ве интересира

Во Скопје најден починат бездомник

А1он

Бездомните лица под Кале ќе бидат згрижени до март

Наум Локоски

Апел од МТСП до граѓаните: Ако видите бездомни лица, пријавете на дежурните телефонски броеви

Ана Ололовска

МТСП: Обезбедено сместување за 85 бездомни лица, активирани дежурни тимови на пунктовите за бездомници

Наум Локоски