Бездомните лица под Кале ќе бидат згрижени до март

Од:

Бездомните лица под Кале ќе бидат згрижени во установи за социјална заштита, одлучи Владата на денешната седница.

Министерството за труд и социјална политика е задолжено преку Меѓуопштинскиот центар за социјална работа на Град Скопје до март годинава да обезбеди сместување за овие лица во објекти што ги користи јавната установа за згрижување деца со воспитно-социјални проблеми и нарушено поведение.

– Станува збор за 30 семејства, односно 99 лица. Од нив, само девет семејства поседуваат некакво живеалиште, додека останатите се евидентирани како бездомни лица. Сместувањето на бездомните лица е во согласност и со препораките на Интерсекторската работна група за следење на состојбата на воздухот, бидејќи на овој начин овие лица нема да палат несоодветни материјали за греење и дополнително да го загадуваат воздухот, соопштија од Владата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски